Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Повеќе нема дилема, последниот состанок со Наполи е утре, ако Де Лаурентис ја одбие понудата, Јувентус ќе ја плати клаузулата.
Нема дилема, Гонзало Игуаин следната сезона ќе игра во Јувентус.
Тој се согласи за договор, наводно го убедиле луѓето од Торино дека ќе ја платат клаузулата.
На Јувентус му се брза, сакаат што побрзо да обебзедат огромно засилување, утре Марота ќе разговара со Де Лаурентис и ќе го убедува да ја прифати понудата од пари, Заза и Переира, а ако претседателот на Наполи одбие, Јуве ќе се повлече од преговорите.
Во тој случај, ќе ја платат клаузулата, но нема да ги продадат на Наполи, Переира кој се договори со Де Лаурентис.
Јувентус со продавањето на фудбалерите ќе обезбеди поголема сума на пари за купување на Игуаин.
Италијанскиот шампион има понуда за Заза вредна 25 милиони евра, а ќе мора да се откаже и од Ругани за кој Арсенал и Евертон нудат 30 милиони евра. Додадете ја на тоа извесната продажба на Исла и Переира кој ги сакаат во ПЛ јасно е дека на сметката ќе има 60 милиони евра.
Тоа ќе ја олесни работата, Јуве ќе плати 47 веднаш, другата половина следната сезона. Тие мораат да го купат до крајот на јули за да избегнат преговори со Наполи.