Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рома во гости ја победи Пескара со 1:4, а освен одличната игра на Рома, имаше и лута реакција на Џеко кој го напушти теренот во 71-та минута.
За оваа ситуација по натпреварот коментираше и Ел Шарави.
„Важно е да се вратиме на победничкиот пат. Не е лесно, но кога го постигнавме првиот гол, тогаш почнавме да го контролираме натпреварот.“
„Го разбирам, Џеко беше лут затоа што е врвен напаѓач, но одлуките на тренерот мора да се почитуваат. Се надевам дека својата лутина ќе ја остави и ќе продолжи понатаму.“
Рома во наредното коло игра против Лацио.