Роналдо сруши рекорд и се запиша во историјата (ФОТО, ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Роналдо со удар со глава го постигна првиот гол за Реал Мадрид против Валенсија на Сантијаго Бернабе и така го собори рекордот на легендарниот англиски напаѓач Џими Гривс.

За каков рекорд се работи?

Гривс до денес постигна најмногу првенствени голови, ако сметаме на петте најсилни лиги во Европа.

Во текот на играчката кариера, на крајот на 50-те, 60-те и раните 70-те години од минатиот век, бранејќи ги боите на Челси, Милан, Тотенхем и Вест Хем, тој 366 пати беше стрелец во англискиот и италијанскиот шампионат.

Роналдо го собори неговиот рекорд, заклучно со денешниот погодок против „Слепите Лилјаци“ дојде до 367 првенствени голови, ако сметаме само на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.

Головите кои ги даде за својот матичен клуб Спортинг од Лисабон не ги сметаме бидејќи португалската Примера не спаѓа во „петте лиги“.