„Ова не е хумано“


Тен Хаг замина, во Манчестер журка! ↓↓↓


Тренерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо рече денеска дека не е задоволен од освоениот бод против Свонси, но дека нема што да им замери на своите фудбалери, поради тоа што одиграле премногу мечеви.

„Мислам дека бод не е добар, но моите играчи дадоа се што можеа. Ако некој сака да го анализира натпреварот надвор од контекст, сигурно може да пронајде слабости во настапот, но, искрено, не можете тоа да го работите. Морате да анализирате во контекст, а тоа е дека ова е деветти натпревар во април. Тоа не е хумано“, рече Мурињо за „БИ-БИ-СИ“ после натпреварот.

Јунајтед дома одитра 1:1 со Свонси, кој се бори за опстанок и така пропушти шанса да избие на трето место на табелата.

„Уморни сме и исцрпени. Ова е тим со 22 играчи, а дојдовме на 13-14. Момците даваат се од себе и така ќе биде до крајот. Одиме со оваа гордност и овој став, без оглед дали победуваме или губиме. А не губиме многу натпревари, тоа е реалност. Ќе видиме што ќе се случи до крај. Играчите од мене нема да го слушнат зборот критики“, рече Мурињо.
Мурињо откри и дека Пол Погба ќе биде спремен за настап во полуфиналето на Лига Европа против Селта, како и дека се радува на враќањето на Мата, но се грижи за новата повреда на Лук Шо.