Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо рече денеска дека напаѓачот Пол Погба ќе се врати во екипата за полуфиналниот натпревар од Лига Европа против Селта Виго.
Францускиот фудбалер го повреди мускулот во минатата недела, во текот на натпреварот со Барнли во Премиер лигата.
Тој го пропушти натпреварот против градскиот ривал Сити и Свонси во првенството.
„Мислам дека Погба ќе биде спремен за нашиот нареден натпревар. Ќе направиме се“, рече Мурињо.
Мурињо има многу проблеми со повредени играчи, а сезоната поради повреда на коленото ја заврши Златан Ибрахимовиќ. Во тимот нема да бидат Маркос Рохо, Крис Смолинг и Фил Џонс, а од денеска надвор од тимот се и Ерик Баи и Лук Шо.
„Не можам да кажам многу во овој момент. Но, излегувањето од терен во 10 минута зборува дека во прашање сериозна повреда на Шо. Не радува враќањето на Мата, благодарен сум на тоа“, рече Мурињо.
Манчестер Јунајтед првиот полуфинален натпревар од Лига Европа ќе го игра против Селта во Виго во четврток на 4 мај од 21:05. Ден порано фудбалерите на Ајакс на својот терен во Амстердам ќе играат против Лион, од 18:45.