Истрага во тек: Жестоки казни за Стротман и Лацио?


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Лацио во неделата во големото градско дерби ја совлада Рома со 3:1 во рамките 34 коло од италијанската Серија А.

Дербито на Рим како и обично помина со многу скандали, а Дисциплинската комисија на ФС Италија потврди дека има многу работа.

Познато е дека е поткрената истрага по повод глумата на Кевин Стротман кој симулираше прекршок после што Рома доби пенал и израмни на 1:1.

Меѓутоа, денеска е поткрената нова истрага, а мета се навивачите на Лацио.

Имено, тие се осомничени дека со расистички повици од трибините го навредуваа Антони Рудигер во текот на целиот натпревар.

Тоа го потврди и претседателот на Дисциплинската комисија, Џузепе Пекараро, кој го доби извештајот од неделниот натпревар.

Конечната одлука ќе биде позната за неколку дена.

Сепак, според неофицијални информации на италијанските медиуми Стротман поради глума ќе го пропушти наредниот натпревар на Рома против Миланј, додека Лацио ќе ги игра своите домашни натпревари пред празни трибини.