„Тотенхем би бил шампион на Англија ако Челси играше во Европа“


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


И покрај одличната сезона, Тотенхем скоро сигурно нема да ја освои титулата во ПЛ.

Тие минатата сезона беа блиску до титулата која ја освои Лестер, а оваа сезона најверојатно шампион ќе биде Челси.

Поранешниот играч на Ливерпул, Карагер даде интересна изјава за ситуацијата во ПЛ.

„Мислам дека Тотенхем нема среќа. Минатата сезона беа блиску, оваа исто така, но нема да ја освојат титулата. Да играше Челси во Европа, Тотенхем би бил шампион во Англија. Челси не играше во Европа и затоа беа повеќе одморени и се сконцентрираа на ПЛ.“

Тотенхем последен пат ја освои титулата во 1961 година.