Италијанскиот фудбалски сојуз го посрамоти Сули Мунтари!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сули Мунтари беше во центарот на вниманието во натпреварот против Каљари кога се караше со судијата поради тоа што имаше расистички навреди од трибините.

Тој за тоа доби жолт картон.

Доколку ова ви е смешно, дали знаете што пресуди италијанскиот фудбалски сојуз?

Имено, дисциплинската комисија најверојатно ќе го суспендира Мунтари на еден натпревар поради тоа што кога доби жолт картон излезе од теренот и и покажуваше на публиката да престане да навредува.

И срамно е тоа што Каљари нема да има никаква казна поради своите навивачи.

Мунтари ќе го пропушти натпреварот против Кротоне, кој неговата екипа го игра на домашен терен.