“Нема шанси да се вратам во Милан“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Легендарниот дефанзивец Паоло Малдини одби да се врати во Милан.

Милан целата играчка кариера ја помина во тој клуб, а понудата да работи како технички директор ја одби поради лошата организација.

Малдини втор пат ја доби оваа понуда, после што прв пат одби да се врати во Милан во октомври минатата година од истата причина.

Нова понуда стигнала после што Милан го промени сопственикот.

Ли Јонгхонг го наследи Силвио Берлускони, но легендата на Милан не го промени мислењето.

„Нема шанси да се вратам во Милан. Одамна донесов одлука, долго размислував за неа и мислам дека добро размислив. Мојата љубов кон клубот не прекинува, дури ми останува жал за ерата на Берлускони која и играчки и навивачки донесе неверојатно искуство“, рече Малдини.

Овој 48-годишен целата кариера ја помина во Милан, а за првиот тим играше дури 15 години.

Освои седум титули шампион на Италија и пет европски трофеи, а со Италија беше втор на СП и на ЕП првенство.