Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Андалужаните уште еднаш покажаа дека формираат квалитетен тим па после ангажирањето на Гансо кој стигна за 10 милиони евра стигна уште еден квалитетен фудбалер за не така голема сума на пари.
Фудбалскиот клуб Севиља со години наназад прави врвни резултати во Европа а многумина после уште еден трофеј во Лига Европа сфатија како Андалужаните стигнуваат до такви успеси.
Во првите два дена Севиља за 10 милиони евра го ангажираше Бразилецот Гансо, а денеска падна уште еден поспис на фудбалер кој ќе ја засили конкуренцијата во офанзивниот дел од средниот ред.
Нов фудбалер на Севиља стана Франко Васкез (27) за чиј трансфер на Палермо е платено 15 милиони евра!
Популарниот „Ел Мудо“ доби италијанско државјанство иако е роден во Аргентина, а тој од 2012 година се наоѓа под договор со Палермо кој во сезоната 12/13 го напушти и се пресели на едногодишна позајмица во Рајо Ваљекано.
Франко Васкез игра на позиција офанзивен играч за врска и за Палермо одигра повеќе од стотина натпревари, а во Севиља стигнува како шесто засилување после Пабло Сарабија (Гетафе), Хироши Киотаке (Хановер), Хоакин Кореа (Сампдорија), Матијас Кранвитер (Атлетико Мадрид) и Енрике Гансо (Сао Паоло).