„Го сакам Погба, добар играч е, а такви ни требаат“


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид Зинедин Зидан рече дека го сака Пол Погба, но истакна дека тој во овој момент е играч на Јувентус.

Медиумите веќе долго шпекулираат дека францускиот фудбалер ќе го напушти Торино и ќе се пресели во Мадрид.

Покрај Реал за Погба наводно заинтересиран е и Манчестер Јунајтед.

„Многу сум задоволен со тимот кој го имам и мислам дека е тешко да се подобри. Го сакам Погба, но тој е во овој момент фудбалер на Јувентус. Да, го сакам Погба, тој е добар играч, но не е единствен. Има многу добри играчи, а секој клуб сака добри играчи“, рече Зидан, а пренесоа шпанските медиуми.

Пол Погба во Јувентус е од 2012 година, а пред тоа го носеше дресот на Јунајтед.