Јуве – Раскошен буџет и огромен проблем?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Имаат многу пари за преодниот рок, но се во ситуација која навистина ретко се гледа во современиот фудбал…

Јувентус во наредните пет денови може да освои две титули, во првенството и купот, а тогаш да се посвети на подготовките за финалето на Лигата на шампионите на почекот на јуни.

Но, тоа не влијае на плановите на клубот за преодниот рок, како што пишува „Кориере Дело Спорт“, одреден е буџерот, но иако можен тим ќе бидат придодадени уште три или четири играчи.

Јуве има 130 милиони евра на располагање, тоа што е извесно е дека 12 ќе бидат платени на Милан за Де Шиљо кој исклучиво е желба на Алегри.

Веќе се доведени младите играчи Бентакур, Орсолини и Калдара, овој последниот пред зимата може во Јуве во Аталанта, ако биде продаден Бонучи.

Нормално, Јувентус нема потреба да продава играчи, но ако искусниот стопер сака во Англија, клубот нема да прави проблеми, сумата е околу 60 милиони евра.

Што се однесува до останатите засилувања, се откажаа од Толисо од Лион, а и понатака го сакаат Андре Гомеш од Барселона.

Тој одигра очајна сезона, цената му падна, но во Јувентус веруваат дека Португалецот е играч кој многу ќе значи во средниот ред.

Се цели и Даглас Коста од кого Баерн сака да се ослободи, тој ќе ги реши проблемите по страните во нападот и ќе даде ширина Алегри да миксува формација.

И на крајот напаѓач.

Манџукиќ останува, поточно кулубот ќе проба да го убеди да остане после фантастичните партии во оваа сезона, а се цели Кеита Балде од Лацио.

На него договорот му истекува за година дена, Јувентус нуди околу 25 милиони евра, но младиот напаѓач повеќе сака во Милан, се плаши да не игра многу во страшната конкуренција.

Медиумите ги споменуваат уште Алексис Санчез и Џејмс Родригез, но тоа се малку веројатни солуции, едноставно не им се потребни.

Се бара и замена за Буфон, ако се укаже шанса околу Донарума ќе пробаат да ја искориста, но прва мета е Алекс Мерет голман на Удинзе кој беше на позајмица во Спал со кој се пласира во Серија А.

Се стекнува впечаток дека целиот буџет нема да биде потрошен, бидејќи нема многу потреба работите да се менуваат, едно ако не се појави некоја огромна шанса.

Јувентус е спремен и има пари за уште едно засилување од тимот „Игуаин“ поточно да плати 100 милиони евра за Марко Верати, но ПСЖ не помислува да го продаде…