Монако одбил 68 милиони фунти за Мбапе?


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Килијан Мбапе најверојатно ќе биде најбараниот играч овој трансфер период.

Талентираниот играч со своите игри ги воодушеви европските великани, меѓу кои и Реал Мадрид.

Според пишувањата на неколку медиуми, Монако неодамна одбил понуда од 68 милиони фунти за Мбапе но сеуште не е познато од кој клуб.

Се претпоставува дека тој клуб е токму Реал Мадрид, а за Килијан заинтересирани се и Манчестер Јунајтед и Челси.