Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кошаркарите на Кливленд Кавалирс го победија Бостон Селтикс во финалниот натпревар во источната конференција со 117:104.
Кливленд подобро влезе во натпреварот и после осум минути игра имаше двоцифрена предност, 30:19. Предводени од Џејмс и Лав на полувреме гостите заминаа со 22 поени предност, 39:61.
На почетокот на третата четвртина Кливленд неколку пати имаше водство од 28 поени, а тоа беше максималната предност во овој натпревар. Бостон ја намали негативата со одлична серија во завршницата од четвртината, 75:92. Во последната Бостон се обидуваше да фати резултатски приклучок, но не им успеа, па Кливленд победи со 104:117.
Кливленд беа предводени од Леброн Џејмс со 38 поени, 9 скока и 7 асистенции. Го следеше Кевин Лав со дабл-дабл учинок, 32 поени и 12 скока. Тристан Томпсон додаде 20 поени и имаше 9 скока, а Кајри Ирвинг додаде 11 поени. Кај Бостон најмногу се истакнаа Ајвери Бредли и Џеј Краудер со по 21 поен. Ајзиа Томас постигна 17 поени.