Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Матео Мусачо ќе стане нов фудбалер на Милан, иако има доста компликации во овој момент.
Дефанзивецот на Виљареал денеска беше во Милано каде што ги помина лекарските прегледи и наскоро треба да стане фудбалер на славниот италијански клуб.
Матео Мусачо во оваа сезона забележа 30 настапи, во Виљареал стигна во 2009 година и спремен е за наредниот чекор во својата кариера.
Тоа што е сега извесно, е дека има мали проблеми со документацијата, па трансферот се одложува за неколку дена.
Нормално, до него ќе дојде, а Мусачо кој полни 27 години во август ќе прима 2.5 милиони евра годишно.
Инаку, Мусачо е првото засилување од доаѓањето Јонгхонг Ли во клубот.