„Гризман е важен, но никој не е над клубот“


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Саул Нигез зборуваше за квалитетите на Антоан Гризман.

Гризман оваа сезона постигна 26 голови во дресот на Атлетико Мадрид, а него веќе долго време го поврзуваат со Јунајтед.

„На крајот на краиштата, Гризман може да одлучува за својата иднина како што сака. Тој е сега со нас. Ќе биде со нас и во претсезоната, а потоа ќе одлучува за својата кратка иднина.“

„Ако тој замине, ќе ги имаме Торес, Гамеиро, Кореа и Караско. Тој е важен играч за нас, но никој не е над клубот.“