Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јорганџиите веќе некое време се во потрага за напаѓач, но безуспешно.
„Чукаа“ на вратата на Челси и прашаа дали може да го вратат Диего Коста на Висенте Калдерон.
Конте отсечно рече “НЕ“, и така Шпанецот со бразилски корени останува на Стенфорд Бриџ.
Интерес покажаа и за Гонзало Игуаин, нудеа на Де Лаурентис 60 милиони евра и неколку играчи, но контроверзниот сопстевник на Наполи тоа го одби, велејќи дека се задоволни со само со сумата која е потребна да се отклучи откупната клаузула во договорот на Игуаин.
Сега „Чоло“ и неговите соработници се свртија кон Ливерпул, поточно кон екипата на Евертон.
Како што шпанска “Марка“ јавува, заинтересирани се во своите редови да го доведат Ромелу Лукаку!
Конкретна понуда не е испратена на „Гудисон“ но се „шушка“ дека луѓето веќе отпочнаа разговори со фудбалските луѓе, за евентуален премин на Белгиецот на Висенте Калдерон.
Лукаку може да започне и лавина на “пазари“ бидејќи и Челси е заинтересиран да го врати.
Доколку се врати на Стенфорд Бриџ, тоа значи дека Диего Коста е вишок, бидејќи неодамна стигна и Мичу Бачуаји.
Со самото тоа, Атлетико ќе ја исполни старата желба, а тоа е Диего Коста да се врати „дома“ во Мадрид.
Интересно е дека мадридските ривали Атлетико и Реал, соевремено беа заинтересирани за Лукаку, но „пред носот„ им го грабна Евертон.