Ван Дијк и Соареш остануваат во Саутемптон


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најдобрите играчи на Саутемптон, Виргил Ван Дијк и Седрик Соареш речиси сигурно нема да го напуштат клубот и ќе останат на „Сент Мери“.

Ван Дијк беше поврзуван со трансфер во Ливерпул, додека за Соареш интерес имаше од Барселона и Тотенхем.

Како и да е „Скај Спортс“ дознава дека овој дефанзивен двоец ќе остане во тимот предводен од Маурисио Пелегрино.

Од Тотенхем веднаш се насочиле кон друга трансфер цел за бековската позиција доколку замине Кајл Вокер. „Петлите“ ја разгледуваат опцијата за трансфер на Рикардо Переира од Порто.