Вистинско изненадување, Глазгов Ренџерс исфрлен од Лига Европа

Вистинско изненадување видовме во првото коло од Лигата на Европа откако Глазгов Ренџерс беше елиминиран од претставникот на Луксембург, Нидеркорн.

Првиот натпревар Шкотите го добија минимално со 1:0, а и на вториот во Луксембург беа големи фаворити.

Сепак се случи вистинско чудо и Нидеркорн со погодоците во второто полувреме на Францоис и Тил запише неверојатен успех.