Јосип Иличиќ нов фудбалер на Аталанта

Од редовите на Аталанта денес официјално го објавија трансферот на играчот на Фиорентина, Јосип Иличиќ.

Словенскиот репрезентативец во Бергамо доаѓа за сума од пет милиони евра, а со клубот потпиша договор на три години.

Иличиќ има завидна кариера во Италија играјќи на високо ниво во редовите на Палермо и Фиорентина. Словенецот беше пред трансфер во Сампдорија, но во последен момент во трката за него се вклучи Аталанта која  на крај го обезбеди неговиот потпис.