Заза Пачулиа уште една година во Голден Стејт

 

Екипата на Голден Стејт се труди да го задржи шампионскиот ростер, па така од клубот изјавија дека сеуште има место за Заза Пачулија во тимот и тој ќе остане уште една година, а ќе заработи 3,5 милиони долари.

Заза Пачулија ќе ја одигра својата 15-та сезона во НБА лигата, а втора со тимот од Голден Стејт.

Грузискиот кошаркар беше стартер речиси цела сезона за „воините“ и бележеше просек од 6.1 поен и 5.9 скока.