Шчезни нов фудбалер на Јувентус

Од таборот на „Старата дама“ денес официјално го потврдија доаѓањето на голманот на Арсенал, Војчех Шчезни.

Полскиот репрезентативен чувар на мрежата со Јувентус потпиша четиригодишен договор и треба да претставува втора опција за голманската позиција.

„Многу сум среќен што сум овде. Веќе зборував со Џиџи Буфон, легенда во нашата игра и знам дека ќе научам многу од него. Не чувствувам никаков притисок. Овде сум да го претставам клубот на највисоко ниво“- коментираше Шчезни.

Шчезни минатата сезона ја помина како позајмен фудбалер во редовите на Рома и беше еден од најдобрите фудбалери на „Римската Волчица“.