Извори за Скај Спортс потврдуваат дека Нејмар ја напушта Барселона


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Шансите Нејмар да си замине од Барселона ова лето се повеќе од 90%. Ова го кажува извор близок до „Скај Спортс“.

Нејмар се одлучил да ја напушти Барселона затоа што бил фрустриран поради фактот што мора да има „споредна улога“ зад Лео Меси.

„Само чудо може да го задржи во Барселона, тој стави до знаење дека сака да замине. На 25 години тој смета дека е време да освои Балон д’Ор. Тој верува дека може да биде најдобар играч на светот во друг голем клуб“- коментираше изворот близок до Скај Спортс.

Јасно е дека ПСЖ е единствениот клуб кој прифаќа да ја плати откупната клаузула за Нејмар од 222 милиони евра. Челси и Манчестер Јунајтед се исто така заинтересирани за Бразилецот, но англиските клубови не сакаат да платат толкава сума.