Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Жозе Мурињо веднаш по натпреварот со Валеренга даде одговор на неколку прашања поврзани со трансфер активностите на клубот.
Тренерот на „Ѓаволите“ најпрво истакна дека нема шанси Фелаини да си замине од клубот, а потоа се осврна и на ситуацијата околу Немања Матиќ.
„Чекам за нови вести. Знам дека Матиќ многу го посакува трансферот, а кога играчот е многу заинтересиран шансите се поголеми. Затоа сметам дека имаме шанса да потпишеме со играчот, но во фудбалот се дури не е официјално не е готово. Во фудбалот сум видел многу работи да се случуваат, па одбивам да кажам повеќе од ова што ви го кажувам сега“- коментираше Мурињо.
Мурињо се осврна и на фотографијата која беше објавена на социјалните мрежи на која се гледа Матиќ како носи опрема на Манчестер Јунајтед.
„Не знам ништо за сликата затоа што јас не бев таму. Бројот 31 е слободен број. Него го носеше Швајнштајгер, но сега е слободен“- заврши Мурињо.