Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Нејмар го пропушти првото коло од француската лига бидејќи ПСЖ сѐ уште немаше исплатено голем дел од 222-те милиони евра кои требаше да ги плати за трансферот на Нејмар.
Но, денеска стигна официјална потврда од ФИФА дека конечно ПСЖ ја исплатил целосната сума и поради тоа му е издадена работна дозвола на Нејмар да настапува за својот нов клуб. Тој ќе дебитира во недела, во мечот на гости со Гингамп кој се игра од 21:00 часот.
Фановите на ПСЖ, па и општо на фудбалот, со нетрпение го очекуваат дебито на сјајниот бразилски ас и се очекува натпреварите на ПСЖ поради тоа да привлекуваат уште повеќе внимание во новата сезона.