Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јувентус и Лацио одиграа фантастичен натпревар во италијанскиот Супер куп.
Лацио на крајот победи со 3:2 со погодок во третата минута од судиското продолжение.
Избраниците на Симоне Инзаги имаа предност од 2:0 откако Чиро Имобиле на двапати го совлада Џиџи Буфон. Потоа на сцена стапи најдобриот играч на Јувентус, Пауло Дибала. Младиот Аргентинец со голови во самиот финиш во 85. минута и 91. минута ги врати надежите на „Старата дама“ за освојување на Супер купот.
Сепак, само две минути подоцна, во 93. минута гол вреден Супер куп за Лацио постигна Алесандро Мругиа .