Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Многумина пробале и многумина не успеале.
Да се запре Леброн Џејмс е најтешката задача во кошарката а токму за тоа збор-два имаше да каже токму човекот кој најдобро го познава Џејмс, Двејн Вејд.
You can't. A player like him comes around once in a generation. You couldn't stop Wilt,Kareem,Jordan to name a few. So enjoy watching them https://t.co/nJ7jXHf6Ju
— DWade (@DwyaneWade) August 13, 2017
Откако на Твитер беше запрашан од фановите “Како би го запрел Леброн Џејмс доколку си тренер на кошаркарска екипа?” Двејн Вејд го даде следниот одговор:
“Не може да се запре. Играч како него се раѓа еднаш во генерација. Пред него не можеа да се запрат ниту Вилт (Чемберлејн), Карим (Абдул Џабар), (Мајкл) Џордан. Така што, уживајте додека ги гледате.” – напиша Вејд на својот Твитер профил.
Одговорот кој го даде Вејд не е воопшто изненадувачки бидејќи покрај тоа што тој и Џејмс се многу блиски пријатели, играта на Леброн Џејмс едноставно е таква што ретко кој може да го запре. Во неговата кариера тој има просек од нешто над 27 поени, 7 скока и 7 асистенции.