Неговиот тим доживеа пораз, но тој призна: Икарди е мојот идол


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


 

 

Новиот играч на Фиорентина, Џовани Симеоне, призна дека Мауро Икарди е неговиот идол, човекот на кого се огледува.

Симеоне се приклучи на Фиорентина од Џенова, за сума од 18 милиони и го забележа првиот настап за новиот тим во поразот на Фиорентина од Интер со 3-0.

„Морам многу да работам за да ја добијам довербата од тренерот и соиграчите, но верувам дека во следните пет години можам да оставам трага во мојот нов клуб Фиорентина.“ – изјави Симеоне.

„Батистута? Јас сакам луѓето да ме памтат по моето име и перзиме, иако мора да признаам Батистута и Икарди се одлични фудбалери кои оставиле траг во Италијанската Лига. Мауро Икарди е мојот идол, кој се надевам ќе блеска еден ден и во нашата Арентинска репрезентација.“

„Се преселив во Фиренца бидејчи сакав да пораснам, тимот на Џенова моментално не е на тоа ниво како Фиорентина, па затоа се одлучив да напредувам и да преминам овде“ – заври новата аквизиција на Фиорентина.