Официјални состави: Фенер со Ван Перси ќе го напаѓа Вардар, Чеде со три измени од Скопје

Кормиларот на вардарци, Чедомир Јаневски направи три измени во однос на првиот состав кој му се спротивстави на Фенербахче во Скопје.

На местото на Грнчаров кој е суспендиран е Дарко Велковски, на левата бековска позиција од првата минута ќе започне Владица Брдаровски кој е уфрлен на местото на Демири, додека и грузискиот репрезентативец Џигаури ќе почне од првата минута.

Исто како и во Скопје, најистурен ќе биде Тигран Барсегјан.

Фенербахче: Камени, Исла, Нојштадер, Шкртел, Којбаши, Озан, Топал, Валбуена, Дирар, Туфан, Ван Перси

Вардар: Гачевски, Хамбарџумјан, Новак, Велковски, Брдаровски, Николов, Спировски, Блажевски, Фелипе, Џигаури, Барсегјан