Мите Цикарски дополнително повикан во репрезентацијата


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Селекторот на најдобрата македонска фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски испрати дополнителен повик до играчот на Етникос Ахна, Мите Цикарски.

Ваквиот потег Ангеловски го повлече откако дефинитивно од комбинација за настап на натпреварите против Израел и Албанија отпадна Ферхан Хасани.

Цикарски доаѓа како резервна опција за Кире Ристевски кој доколку на натпреварот во Израел добие жолт картон ќе го пропушти дуелот во Струмица против Албанија.