Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Играчот од средината на италијанската репрезентација, Верати синоќа по поразот од Шпанската селекција, призна дека не успеал да го запре Иско, човекот кој ја движеше играта на „Фуријата“.
„Имав многу проблеми со него, играше на многу високо ниво, дури и Лионел Меси би му подзавидел“ – изјави Верати.
Фудбалерот на ПСЖ, беше надигран синоќа од Иско, во натпреварот од квалификациите за Светското Првенство.
Преку летото Верати се споменуваше дека ќе го напушти Париз и ќе пристигне во Барселона, но тоа не се случи.
Не само Верати, туку и селекторот на Италија беше импресиониран од партијата на Иско.
„Кога го гледав како игра и ги понижува моите играчи, не ми преостануваше ништо друго освен човек да му аплаудира.“ – заврши селекторот Вентура.