Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пред седум години властите во Рио де Женерио ветија дека до Олимписките игри ќе ја исчистат водата околу овој град.
И не само дека ветија, ниту исполнија, веќе работите денеска се полоши и од пред седум години.
Според наводите на Њујорк Тајмс тестирањата покажаа дека морнарите, сурферите, но и пливачите буквално пливаат низ човечки измет.
Водата во Рио е полна со патогени и вируси што предизвика дијареа и опасност по здравјето на спортистите, но и туристите кои сакаат да се искапат на познатата Ипанема плажа бидејќи е голема.
„Гостинските спортисти буквално ќе пливаат во измет и ризикуваат да се разболат од сите микроорганизми кои пливаат во нашите води“, рече за Тајмс локалниот доктор Даниел Бекер.
“Тоа е тажно, но и загрижувачки“. И додека локалните власти ги уверуваат спортистите дека подрачјата каде што ќе се одржува натпреварувањето, првенствено во заливот Гуанабара, е чиста во склоп со стандардите на Светската Здравствена организација, самите натпреварувачи се загрижени.
„Ова е одвратно“, рече Нигел Кохран тренер на шпанскиот тим за едрење.
“Многу сме загрижени“ додаде тој