Блинд: Руни си замина за да игра стандардно

Дели Блинд истакна дека Вејн Руни направил трансфер во Евертон затоа што сакал да игра повеќе отколку во Манчестер Јунајтед минатата сезона.

Руни викендов ќе се врати на „Олд Трафорд“ и ќе се соочи со клубот во кој помина 13 многу успешни сезони, за прв пат по неговото заминување.

„Тој сакаше да игра повеќе отколку што играше минатата сезона. Тие сметаат дека ова е најдобро за него. Евертон дојде по него, а Евертон исто така е негов дом. Тој се уште е одличен фудбалер, одлична личност и јас сум среќен што имав можност да играм со него“- коментираше Блинд во изјава за „Скај Спортс“.

Холанѓанецот исто така потенцираше дека Руни е доста важен дел од тимот на Евертон откако уште на стартот почна да го прави она што во Манчестер Јунајтед минатата сезона и не му одеше баш најдобро, да постигнува голови и да асистира на своите соиграчи.