Вембли е проколнат: Тотенхем никако да победи против на домашен терен


Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Фудбалерите на Тотенхем ни во третиот натпревар како домаќини на најпознатиот англиски стадион „Вембли“ не можат да слават победа.

Избраниците на Маурисио Покетино во петтото коло од Премиер Лигата одиграа натпревар без голови против тимот на Свонси.

Тотенхем доминираше во текот на целиот натпревар, правеше шанси, но за жал на фановите не успеа да стигне до трите бода.

Свонси со сите сили го бранеше бодот по кој беа дојдени и на крајот успеаја во тоа и така за прв пат во историјата остварија три натпревари без пораз во Премиер Лигата.