Шкупи и Ренова ги поделија бодовите


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипите на Шкупи и Ренова ги поделија бодовите во единствениот денешен натпревар од Првата Македонска фудбалска лига.

Со овој реми исход продолжува позитивната серија на Шкупи кој четврти натпревар по ред останува непоразен. Претходно тимот од Чаир врза три победи по ред.

Домашниот тим на Ренова имаше повеќе од играта, но сепак не успеа да го совлада искусниот чувар на мрежата, Суад Зендели.

Со освоениот бод Шкупи се искачи на третата позиција на табелата, додека пак Ренова остана шесто пласирана.