Дали и вториот тим на Јувентус би бил шампион на Италија?


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


 

Неверојатно е каква екипа има Јувентус во оваа сезона, ќе се каже дека и со други тимови може да го освои Скудетото.

Ќе се рече дека Јувентус одамна не бил вака силен, можеби дури ни таа година кога стигнаа до финалето на ЛШ. Посебно ако се земе во предвид силната клупа која Масимилиано Алегри ја има во оваа сезона.

Растат од година во година се повеќе, немаат конкуренција во Италија, најголеми се фаворити за освојување на титулата и оваа сезона во Италија, а истакнуваат конкуренција и за освојување на ЛШ.

Стигна Игуаин, најголем трансфер во историјата на клубот е остварен, трет транфер по вредност на сите времиња. Податок за тоа каков играч стигна во Јувентус – постигна 36 голови на 35 натпревари во Серија А во минатата сезона.

Сега Јуве има и фантастична клупа, многумина сметаат дека може да конкурира и за највисок пласман во Серија А без проблем.

Еве како ќе изгледаат двата состави на Јувентус во овој момент, доколку не дојде до продажба во наредниот период, за кое веројатно дека ќе биде.

Изгледа неверојатно, зарем не?