Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Селекцијата на Шпанија имаше собир пред последните два наптревари во квалификациите за СП против Албанија и Израел.
Во центарот на вниманието на вчерашниот тренинг на оваа репрезентација беше Пике, кој се соочи со свирежи и навреди од страна на навивачите на Шпанија кои присуствуваа на овој тренинг.
Имено, Пике и порано бепе еден од најомразените играчи на Шпанија, а откако одлучи да гласа за незавиност на Каталонија, ситуацијата стана уште полоша.
Пред неколку дена, во врска со оваа ситуација се огласи и Серхио Рамос кој му порача на Пике дека не е паметно да се меча во политиката.
Играчот на Реал Мадрид вчера изјави дека очекувал свирежи и навреди на сметка на својот соиграч од репрезентацијата, но дека сеедно сака да му даде поддршка.
„И порано му реков дека не е паметно да се меша во целата таа ситуација, а потоа се чуди зошто навивачите го навредувале. Секако дека ќе му дадеме поддршка, но морам да признаам дека не ме изненади сево ова што се случување на тренингот. Се надевам дека во иднина ќе постапува попаметно“, изјави Рамос.