Нов удар за Зинедин Зидан

Еден од најдобрите играчи на Реал Мадрид, Герет Бејл ќе мора да паузира минимум еден месец поради новата повреда.

Бејл во понеделникот го напушти репрезентативниот камп на Велс и стигна на прегледи во Мадрид. По прегледите вестите воопшто не се добри за Зинедин Зидан.

Според медиумите во Мадрид, Бејл ќе мора да паузира сигурно еден месец и во тој период ќе пропушти неколку важни дуели за Реал Мадрид.

Од претходно во таборот на Реал Мадрид од комбинација за настап отпадна Дани Карвахал кој има проблеми со срцето.