Иниеста доживотно во Барселона


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Капитенот на Барселона, Андрес Иниеста потпиша нов договор со кој доживотно ќе остане во својот матичен клуб.

Како што потврди Барселона, Иниеста потпиша нов договор кој ќе го обврзе на соработка со „Каталонците“ до крајот на кариерата.

Оваа вест дојде како гром од ведро небо затоа што Иниеста долго време одолговлекуваше потпишувањето на новиот договор со Барселона. Сепак на крајот успеа да постигне договор со управата и сега до крајот на својата играчка кариера ќе остане на „Камп Ноу“.