Гвардиола не се шегува: Понуди 50 милиони фунти за одличниот Англичанец


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пеп Гвардиола пополека го склопува тимот за наредната сезона. Самир Насри и понатака е оддалечен од натпреварувачки погон поради дебелеење, а Шпанецот е загрижен и за Серхио Агуеро. Имено, Аргентинецот во текот на одморот се запостави, и се појави на подготовките со „стомаци“.

Шпанецот на големо размислува и за засилување, а ББС тврди дека Граѓаните денеска понудија 50 милиони фунти за одличниот дефанзивец Џон Стонс.

Репрезентативецот на Англија од редовите на Евертон веќе долго се наоѓа на мета на Челси, а во игра наводно беше и Манчестер Јунајтед.

Сепак, првиот чекор го направија Граѓаните, а ББС тврди дека сега само преостанува 22-годишниот стопер да се договори околу личните услови.

Стонс од доаѓањето на Гудисон во 2013 година стана едне од главните играчи, а запиша и 10 настапи за Англија.