Реал бара премногу за Бејл, погледнете колку!

Велшкиот фудбалер Герет Бејл (28) би можел да го напушти Реал Мадрид на крајот од сезоната. Од доаѓањето од Тотенхем во 2013. година, Бејл претрпе голем број на повреди и никако не ги оправда издвоените 100 милиони евра, колку што беше платен пред четири години.

Честите повреди го натераа раководството на Кралевите да го продаде 28 годишниот фудбалер.

Одлуката наводно е дефинитива, а поставена е и цена за неговите услуги.

Реал од заинтересираните клубови ќе бара 70-80 милиони евра, што реално е превисока цена за играч кој повеќе е надвор од терените отколку внатре во игра.

На овој начин Кралевите сакаат колку-толку да ги вратат вложентие пари, но тешко дека некој ќе ја плати бараната сума.

Бејл последните неколку месеци бепе поврзуван со Манчестер Јунајтед, а како потенцијата негова средина се споменуваат уште и  Тотенхем и Челси.

Во текот на четири години во Реал, Бејл одигра вкупно 159 натпревари и постигна 70 голови.