Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аргентинскиот напаѓач Серхио Агуеро заврши во болница во текот на вчерашниот пријателски натпревар со Нигерија (2:4).
Агуеро го постигна вториот гол за својата репрезентација во 36. минута, а беше заменет на полувремето, откако му се слошило во соблекувалната.
Светските медиуми пишаа дека тој ја изгубил свеста, но на него само му се слошило во соблекувалната.
„Серхио не ја изгуби свеста, но во болница беше однесен превентивно. Неговата здравствена состојба ќе ја оцениме откако ќе го прегледаат нашите клупски лекари, па ќе видиме дали ќе биде во конкуренција за натпреварот против Лечестер“, соопштија од Манчестер Сити.