Бразилецот не сака да се врати на „Театарот на соништата“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Затоа што Манчестер Јунатед и изминатото лето продолжи со праксата на го праќа Андреас Переира да се кали во шпанската Примера, младиот Бразилец не се гледа себе си на „Олд Трафорд“.

„Мислам дека донесов добра одлука летово кога дојдов во Валенсија. ПРесреќен сум и сакам да останам овде“, изјавил Переира.

„Работите добро се одвиваат овде, како што можам да посакам. Не би менувал ништо“, додаде 21 годишниот Бразилец.

Тој минатата сезона ја помина на позајмица во Гранада, остави добар впечаток, но за жал екипата излезе од Примера.

Тимот на Валенсија ја играат најдобрата сезона во оваа деценија, после 11 одиграни кола се на второто место, позади Барселона, и сеуште немаат пораз.

Переира има многу придонесено иако не е стандарден првотимец. На последните четири натпревари само еднаш беше стартер, но успеа да запише две асистенции и постигна еден гол.