Гвардиола не се откажува, сега нуди 60 милиони евра за играчот на Арсенал

Според наводите на Manchester Evening News, Манчестер Сити сериозно загриза за Арон Ремзи.

Се проценува дека може да се работи за зделка тешка 60 милиони евра.

И покрај високиот износ, Арсенал не е спремен на соработка и преговори.

Велшанецот кој во Арсенал стигна од Кардиф во минатата сезона во Премиер лигата одигра 31 меч и постигна пет голови.

За репрезентацијата на Велс настапуваше на неодамна завршеното Европско првенство.