Михајловиќ заминува од Торино, веќе позната и неговата замена


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Синиша Михајловиќ нема да го продолжи договорот со Торино и по крајот на сезоната ќе ја напушти тренерската позиција во тимот.

Поранешниот српски и југословенски ас нема баш најдобар скор со Торино оваа сезона затоа што на последните 11 натпревари славел само два пати, дури шест пати одиграл нерешено и забележал три порази.

Негов наследник ќе биде актуелниот тренер на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини кој слично како и Михајловиќ нема да го продолжи договорот со тимот по крајот на сезоната.