Кондогбија стигнува во Лондон?


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Џофри Кондогбија игра фантастично во дресот на Валенсија оваа сезона откако две години се мачеше во редовите на Интер.

Францускиот интернационалец како позајмен фудбалер летово пристигна на „Местаља“ и со своите игри веќе го привлече вниманието на неколку европски великани.

Имено, како што пишуваат медиумите во Англија за Кондогбија сериозен интерес има од Тотенхем. Клубот од Лондон 24 годишниот фудбалер го гледа како идеална замена за Муса Дембеле кој подолго време ќе биде надвор од терените.