Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Џиџи во јануари ќе наполни 40 години, а иако сеуште е помеѓу најдобрите голмани во светот, одлучи да му каже збогум на фудбалот.
Одамна се шпекулира за потенцијална замена за Буфон, а како што стојат работите, раководството на Јувентус донело одлука за нов голман.
Нов член на Старата дама бо можел да стане Словенецот Јан Облак. 24 годишниот голман на Атлетико Мадрид брилијира веќе со години на голот на овој тим, а од летото би можел да направи чекор напред во кариерата со преминување во Јувентус.
Наводно, тимот од Торино е спремен да плати 40 милиони евра за Словенецот и преговорите околу трансферот се веќе започнати, но конечната одлука ќе ја има Облак.
Тој кариерата ја започна во Олимпија, на 17 години премина во Бенфика, а член на Атлетико е од 2014. година.
Договорот на Облак со Јорганџиите важи до 2021. година.