Занимлива зима во Торино: Пјаниќ поради кавга со Алегри ќе заврши како Бонучи?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Играчот на Јувентус во големото дерби против Интер имаше расправија покрај теренот со тренерот Макс Алегри, која подоцна и двајцата ја демантираа.

Сепак, камерите забележаа се што се случуваше и навистина имало кавга покрај линијата на теренот.

Алегри и во минатото имаше расправии со своите фудбалери. Минатата година ладно го испрати Леонардо Бонучи на трибините, па на крајот од сезоната го продаде.

Исто така, тренерот на Бјанконерите беше во конфликт со Паоло Дибала, па некако го реши и него, но очигледно тренерот на првакот на Италија нема проблем да каже она што го мисли за играчите.

Поедини италијански медиуми тврдат дека Пјаниќ би можел да заврши како Бонучи. Алегри е многу тврдоглав човек кој секогаш го добива она што го сака, па ако конфликтот продолжи, Пјаниќ би можел да биде продаден.

Во претходниот период интерес за Пјаниќ покажаа Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед, па ќе биде навистина интересно како оваа ситуација помеѓи Алегри и босанскиот репрезентативец ќе заврши.