Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓
За Арсенал натпреварот против Челси во купот е многу важен, а пристигнаа добри вести од Франција, па тоа до некаде е и потврда дека Санчез ќе биде продаден.
Венгер ќе го продаден Санчез, а последните потези на Арсенал во преодниот рок покажуваат дека тие нашле негова замена.
Според информациите, Јунајтед се повлекол, па Арсенал преговара со Малком од Бордо, одличен Бразилец.
Овој крилен фудбалер би бил идеална замена за Санчез, а проблем е тоа што Бордо бара 50 милиони евра, но во Арсенал се надеваат дека тие ќе ги намалат барањата. Тој и Еванс би требало да бидат главни засилувања на Арсенал во преодниот рок.
Но претходно Венгер има натпревар против Челси, а нема да биде ниту на клупата, туку на трибините поради суспензија, но ќе може да комуницира со својот помошник.
Минатата година, тој беше во слична ситуација и се сретна со својот градинар.
„Чудна ситуација, ликот покрај мене ме поздрави и се претстави. Се запознава, а потоа тој ми кажа дека ми ја одржува градината.“
„Не знаев за тоа, а по се изгледаше дека навива за Арсенал.“
По елиминацијата од ФА купот, јасно дека лига купот е цел за Арсенал, а се очекува Венгер вечерва да игра во најдобриот состав кој го има.