Грујиќ си замина од Ливерпул


Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Српскиот интернационалец од редовите на Ливерпул, Марко Грујиќ следните шест месеци ќе ги помине во редовите на Кардиф Сити како позајмен фудбалер.

Ваквиот потег е со цел младиот и талентиран фудбалер да добие повеќе искуство со играње во прв тим и веќе од следната сезона да му се стави комплетно на располагање на Јирген Клоп.

Грујиќ ќе биде во составот на Нил Ворнок за натпреварот кој Кардиф во сабота ќе го одигра против тимот на Шефилд Веднесдеј на гостински терен.  За Србинот интерес имаше и од Миделсборо и Астон Вила, но Грујиќ одлучи да ја прифати понудата и да работи со искусниот стратег кој го предводи тимот на Кардиф.

Грујиќ на „Енфилд“ пристигна од Црвена Звезда во јануари 2016 година за сума од пет милиони фунти, но не добиваше многу шанса во првиот тим на Ливерпул.